Рики Мартин ужива со синовите на луксузна јахта (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Рики Мартин неодамна стана тема на светските таблоиди кога објави дека се разведува од партнерот Џван Јозеф. Овој пар ги има синот и ќерката Рене и Лусија, кои ги добија со помош на сурогат мајка.

Контроверзниот пејач реши да се опушти со своите постари деца Матео и Валентино (14), кои исто така претходно ги имаше со помош на сурогат мајка.

Таткото и синовите поминаа време на скапа јахта, а Рики на Инстаграм сподели видео кое наиде на многу коментари.

„Квалитетно време со близнаците, пред вечерашното шоу“, напишал пејачот.

Да потсетиме, откако објави дека се разведува од Џван, Рики, меѓу другото, за People изјави:

„Нашата најголема желба сега е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и односи фокусирани на мир и пријателство со цел да продолжиме да ги воспитуваме нашите деца заедно, зачувувајќи ја почитта и љубовта кои ги имаме еден кон друг“.

Слични содржини