Рики Мартин на суд

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Рики Мартин денеска преку Зум ќе сведочи пред судот во Порторико за да одговори на обвинувањата од неговиот внук пред неколку дена, а кои доколку се докаже дека се вистинити, пејачот може да добие затворска казна до 50 години, пренесува TMZ.

Според медиумите, Рики Мартин денеска на суд ќе ги отфрли сите обвиненија и ќе ја каже својата страна од приказната, иако виртуелно.

Да потсетиме, внукот на Мартин изјави дека нивната врска траела седум месеци и дека пејачот го демнел и малтретирал, што Мартин исто така ќе го демантира на суд.

Мартин и неговиот адвокатски тим не беа во судот за да ги демантираат наводите, а во зависност од денешното рочиште, судија ќе одлучи дали ќе ја продолжи мерката за забрана, која беше издадена минатиот петок.

Извори, исто така, изјавија за TMZ дека и покрај извештаите дека Мартин може да се соочи со 50 години затвор доколку биде обвинет, во моментов нема кривична истрага за случајот.

Адвокатот на Мартин рече дека неговиот внук има психички проблеми.

Слични содржини