– Од страна на ВМРО-ДПМНЕ имаше апстиненција, си го повикаа членството да не гласа. Апстинираше и дел од администрацијата каде власта ја има контролата. Не смееја да излезат затоа што така им било речено. Имаше доста граѓани кои беа принудени да апстинираат со притисоци. Ова се избори каде излезе само една страна, опозицијата. На другите избори излегувале симпатизерите на најмалку две партии. Но доколку се спореди со локални избори, излезноста од 40 отсто говори дека имаме комотна победа на опозицијата, и за градоначалникот и во бројот на советници. Оваа бројка е најголема за опозицијата до сеа. Да излезеше и другата партија процентот на гласови ќе беше над 60 отсто – вели Рилковски.
Според него, потребни се измени во Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, кои би наложиле на локален референдум цензуот да биде помеѓу 30-40 отсто од гласачите./А1Он
