Рим спектакуларно го пречека Дибала (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Аргентинскиот фудбалер Паоло Дибала беше претставен во Рим како ново засилување на Рома, а десетици илјади навивачи на „волчицата“ му приредија спектакуларен пречек на нивниот нов фудбалер.

Дибала и Рома потпишаа тригодишен договор за соработка, а интересно е што аргентинскиот фудбалер, поранешен член на Јувентус, ја избра Рома пред Милан и Интер.

„Стекнав искуство после сите тие години во Јувентус, клуб кој е навикнат да победува и сакам тоа да ви го пренесам од првиот ден. Ќе дадам се од себе, особено во соблекувалната, бидејќи сме млад тим, да донесам искуство, да помогнам да победуваме и да останеме позитивни во тешките моменти во текот на сезоната“, рече Дибала на промоцијата.

На претставувањето на Дибала во Рим присуствуваа десетици илјади фанови, кои приредија вистински спектакл.

Аргентинскиот фудбалер дојде како слободен играч, бидејќи му истече договорот со Јувентус.

Во текот на кариерата играше и за Институто и Палермо.

Според неофицијални информации, Дибала го соборил рекордот на Кристијано Роналдо по број на продадени дресови за 24 часа.

Дибала одби да го земе дресот со број 10, поради почит кон Франческо Тоти, па го позајми бројот 21.

Слични содржини