„Rimac Automobili“ може да добие една и пол милијарди куни (околу 200 милиони евра) од Европската унија за развој на автомобили без возач преку Планот за обновување, пишува денеска „Јутарњи лист“.
Според весникот, со националниот план за закрепнување и издржливост вреден 6,3 милијарди евра, приватните претприемачи сепак ќе можат да добиваат најмалку 30 проценти од средствата директно, а не 10 проценти како што првично беше планирано и еден од проектите што Хрватска ќе го номинира на предлогот на Министерството за транспорт е и голема инвестиција на сопственикот на „Rimac Automobili“, Мате Римац.
Како што потврди „Јутарњи лист“, ова е инвестиција во истражување, развој и производство на нови возила и придружна инфраструктура, мерена во стотици милиони евра, кои Римац би ги развил во Хрватска до 2025 година, а Европската унија би можела да го кофинансира Римац со 200 милиони евра.
Поточно, Римац планира да развие нов екосистем за урбана мобилност интегриран со јавниот градски превоз во Загреб. И ова преку развој на електрично возило од петто ниво на автономија што е способно да вози без човечка помош, а се контролира само со вештачка интелигенција, преку камери и сензори.
Вториот дел од проектот вклучува развој и изградба на инфраструктура за овие возила што ќе се користат за нивно одржување и чистење, а објектот треба да биде дел од мултимодален терминал во Загреб, со што ќе се поврзат возилата на Римец со ЗЕТ трамваите и автобусите и приградските железнички пруги.
Дел од проектот, се разбира, е развој на софтверско решение кое би управувало со целиот сообраќај. Вкупната инвестиција се проценува на повеќе од 3,4 милијарди куни, проектот во моментов е во фаза на развој на автономно возило, прототипот е завршен и сериското производство на флота од 700 возила што може да замени голем број такси, што ќе бидат финансирани од компании, се планира од 2024 година.
Развојот на инфраструктурата е планиран за следната година и сè ќе биде подготвено за тестирање во 2023 година. Интеграцијата со терминалот, пак, е планирана за 2024 година.
Во Rimac не можеа да кажат многу за проектот бидејќи ја чекаат официјалната одлука на Европската комисија да го усвои Националниот план за летото, но тие велат дека треба да се развијат новите возила треба да се развиваат во нивниот кампус, што планираат да го изградат, но и во нови погони, каде се планираат големи инвестиции и дополнително вработување, пренесе „Јутарњи“.