Римското обвинителство отвора случај против претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Обвинителството во Рим побарало да се отвори случај против претседателот на фудбалскиот клуб Наполи, Аурелио Де Лаурентис за лажно сметководство за финансиските години 2019, 2020 и 2021 година, пишува весникот „Газета дело спорт“.

Покрај Де Лаурентис, обвинителите Лоренцо Дел Џудис и Џорџо Орано бараат да го гонат и десната рака на претседателот, Андреа Кјавели.

Во центарот на постапката се наводните фиктивни капитални добивки од продажбата на дефанзивецот Костас Манолас на Рома во летото 2019 година, како и купувањето на напаѓачот на францускиот Лил, Виктор Осимен во 2020 година.

Слични содржини