218
Тапанарот на некогашниот легендарен бенд Битлси, Ринго Стар, ги откажа своите концерти ширум Северна Америка откако беше позитивен на коронавирусот.
Ринго Стар вчера ги откажа настапите во Мичиген и Минесота во САД, а неговиот тим најави дека поради болеста ќе бидат откажани и пет концерти во Канада.
Остатокот од турнејата зависи од опоравувањето на познатиот музичар.
„Ринго се надева дека ќе продолжи штом тоа биде можно и се опоравува дома. Како и секогаш, тој и неговиот бенд Ол старс им испраќаат желби за мир и љубов на своите фанови и се надеваат дека наскоро ќе се сретнат со нив на турнеја“, се вели во соопштението.