Рис Џејмс: Разговарав со Енцо Фернандез, се надевам дека сè ќе се реши мирно

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Фудбалерот на Челси, Рис Џејмс, призна дека скандалот со расизам околу неговиот соиграч Енцо Фернандез може да биде „проблем“ во соблекувалната на лондончани.

Фернандез и неговите соиграчи од Аргентина предизвикаа контроверзии за време на прославите по освојувањето на турнирот во Копа Америка додека беа снимени како пеат навредлива песна насочена кон фудбалерите на Франција.

Фудбалерот на Челси се извини, но беше повикан од колегите на Челси и францускиот репрезентативец Весли Фофана, кој рече дека видеото покажува „раширен расизам“.

Во моментов е во тек внатрешна истрага и Енцо Фернандез ќе се сретне со своите соиграчи од Челси во понеделник додека лондончани ќе ги продолжат своите претсезонски тренинзи во САД.

Запрашан дали проблемот може да влијае на тимскиот дух, Џејмс изјави за ESPN: „Се разбира. Тоа е фактор што може да создаде проблем. Но додека не се сретнеме, не знам што ќе се случи. Се надевам дека ќе биде решено на мирен начин и да продолжиме со нашите подготовки.“

Рис Џејмс откри и дека тој самиот разговарал со Енцо Фернандез.

„Зборував со него, но беше тешко бидејќи бевме во различни временски зони. Само општи разговори. Тој се обиде да ја објасни ситуацијата и како се случи сето тоа. Ситуацијата е комплицирана. Нема место за расизам и дискриминација во фудбалот. Мислам дека тој брзо сфати дека погрешил. Им се извини на соиграчите, на клубот и на другите луѓе кои беа навредени. Тоа беше веројатно најдоброто нешто што можеше да го направи”, прокоментира Џејмс.

Слични содржини