362
АКТЕРКАТА Рис Витерспун откри дека има навика која често ги шокира нејзините пријатели и членови на семејството.
За време на нејзиниот говор на INBOUND 2023, таа призна дека секогаш кога ќе види некој инсект или некоја ужасна одвратна работа, има желба да го допре.
„Тоа ги излудува луѓето. Имам морбидна фасцинација со бубачки. Ги згрозува луѓето. Чудно е и одвратно, знам. Не можам да престанам, тоа е како опсесија”, признала актерката, објаснувајќи дека причината за нејзината чудна навика беше недостаток на пријатели и премногу дружење со нејзиниот постар брат Џон.