210
Риши Сунак официјално стана петтиот премиер на Велика Британија во последните шест години, по денешната средба со кралот Чарлс Трети во Бакингемската палата, јавува Си-Ен-Ен.
Како нов лидер на Конзервативната партија, Сунак (42) отиде во Бакингемската палата на својата прва аудиенција кај кралот Чарлс Трети, каде што официјално беше побарано да формира влада.
Сунак (42) е првиот британски премиер со азиско потекло и најмладиот премиер во повеќе од 200 години.