Ристески: Има одредени маркети и продавници кои не ги намалиле маржите

од Nikola Popovski
41 прегледи

Инспекторите од вчера и денес ќе бидат поинтензивно на терен. Вчера е прв ден откако почна да се применува мерката. Како што имаме информации, има одредени маркети и продажни места каде што прехранбените производи се намалени како што треба, со соодветни етикети, но има и објекти каде што не се почитува мерката, вели заменик-министерот за економија, Марјан Ристески за владината одлука за акциската кошничка во која седумдесетина производи имаат намалени маржи.

Според него, секаде каде што нема да се почитува новата мерка, ќе следуваат санкции од страна на Државниот пазарен инспекторат. Како што потенцира Ристески, казните се доста високи.

-Во текот на денешниот ден ќе имате повеќе информации од страна на ДПИ, кажа заменик-министерот околу тоа дали засега има изречено казни.

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

Како што посочи, во теренските проверки што ги вршеле вчера до 21 часот забележале дека маркетите не ги поставиле потребните ознаки, со кои требаше да ги означат производите на кои Владата им наметна пониски профитни маржи иако ДПИ им даде рок тоа да го направат до крајот на вчерашниот ден. Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто.

Есенската потрошувачка кошничка според Владата треба да донесе стабилизирање на цените на прехранбените производи.

Слични содржини