Ристески: Никој нема да ме поколеба во тоа што сум го зацртал

од Nikola Popovski
205 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески денеска се огласи после опожарувањето на неговиот автомобил во близина на неговиот дом во Прилеп.

Тој побара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и премиерот Димитар Ковачевски итно да реагираат и да се пронајде сторителот.

Ристески смета причината за палењето на автомобилот е поради спрега на криминал и политика.

-Очигледно е дека на некому му пречат моите ставови, моите активности како пратеник во Собранието. Нема никој ниту да ме поколеба, ниту да ме уплаши во она што сум го зацртал, во моментот гледате се зборува за отворање на Уставот, кажав јасно и гласно и тогаш и по цена на мојот живот нема да го сменувам мојот став, сега уште помалку, изјавил Ристески пред медиумите.

МВР попладнево информира дека е уапсен осомничениот за ваквиот криминален чин.

Слични содржини