Ристески: Очекував дека СОНК ќе издржи појако

од Берта Китинска

Јас очекував дека СОНК ќе издржи појако за 2 проценти ако го прекине штрајкот се поставуа прашањето дали се исплати сето ова чекање? Требаше малку по храбро да настапат, вели Марјан Ристески, претседател на Кофедерација на синдиклни организации, за Утрински брифинг.

-Јавно кажувам дека не е добро протестот во образованието да се прекине за само тие 2 отсто разлика, тоа не е добро за работниците. Не би го обвинил само СОНК туку и Владата кои треба посериозно да го сфатат штрајкот. И ние сме правеле протести и сме ги повикувале нашите членови да ги поддржат протестите што ги прават другите синдикати. Работниците се единствени. Но, кај некои синдикални лидери се чувствува дека има политика и сѐ додека има политика во синдикатите тие нема да бидат како во Европа. Секоја опозиција сака да си го присвои секој штрајк, но за тоа е виновна Владата која ги турка синдикатите во прегратки на опозицијата, вели Ристески.

Слични содржини