Ристески: За да профункционира Законот за нефер трговски практики, треба да помине најмалку една година

од Nikola Popovski
46 прегледи

Законот за нефер трговски практики е донесен во март, а практичната примена започна од 28-ми септември. Повторно се даде шанса на сите овие што денес се бунат да ги регулираат односите во договорите. Ние можевме да почнеме од 28 септември. Имавме и технички причини зошто не беше тоа така бидејќи некој кој претходно го правел законот, не предвидел докомплетирање на Комисијата за заштита на конкуренција (КЗК). Таа комисија ќе вработи нови 7 или 8 членови. Се даде период да ги усогласат договорите, се даде мониторинг и шест месеци за прилагодување дека првпат се носи ваков закон и да нема манипулации, рече заменик-министерот за економија, Марјан Ристески запрашан зошто досега немаше казни за трговците и маркетите по Законот за нефер трговски практики.

Ристески информира дека КЗК активно се излезени на терен и собираат информации и контролираат договори. Се надева дека за брз период ќе излезат со конкретни резултати кои што можеби ќе доведат до одредени казни кои достигнуваат до 20 илјади евра.

-За да профункционира овој закон, да ги даде потребните ефекти и индиректно да влијае на стабилизирање на цените, според она што го кажува ЕУ, треба да помине најмалку една година. Зошто една година? Во самиот закон е пропишано да се надминува рабатот и останатите трошоци 10% во текот на целата година. Можат во одредени месеци да го надминуваат тоа, но, кога ќе се собере севкупниот резултат на рабати и трошоци, на крајот на годината не смее да надмине 10%. Онаму каде што ќе се надмине, ќе има ригорозни казни. Се очекува после одреден период и на долг рок да се стабилизираат цените на производите, кажа заменик-министерот во емисијата „Бизнис21“.

Овој закон почна да се работи уште во времето на минатата влада. Кога стапи на сила се даде период на адаптација, а потоа се одлучи да нема казнување туку само опомени. Планот е да се стави крај на проблемте со цените кои веќе подолго време дивеат во маркетите. За да се намали притисокот, продолжи трендот на мерки како што се последните – ограничување на маржи.

Слични содржини