Ристевска – Јорданова: Со засилениот фокус на Украина, постои ризик за помало внимание на Западниот Балкан

од Маја Анчевска

Во моментов на сила се, досега најостри санкции на ЕУ кон која и да е држава во светот, но не само на ЕУ, туку и сите нејзини сојузници, и покрај тоа што не е „испукана“ најризичната мерка – прекин на увоз на енрегенси од Русија во ЕУ. За прв пат Европската комисија одобри и помош во оружје на странска земја, покрај другата помош, вели за „Локално“, д-р Малинка Ристевска – Јорданова, член на Управниот одбор во Институт за европска политика – Скопје.

Отворањето перспектива за членство во ЕУ, според Ристевска -Јорданова е значајно  како поддршка на Украина и како политичка изолација на Русија.

– Можно е да се отвори перспектива за членство (така е формулирано и барањето во писмото од осумте држави членки на ЕУ за Украина). Такво ветување државите од Западниот Балкан добија во 2003 година.Да потсетиме дека ЕУ не можеше да склучи асоцијативна спогодба со Украина во 2014 година, затоа што една држава членка (Холандија) на референдум го отфрли тоа. Договорот беше ратификуван во 2017 година, откако во посебна одлука на Европскиот совет (прилог кон Заклучоците од декември 2016 година) се појасни дека со асоцијативната спогодба не ѝ се доделува кандидатски статус на Украина, ниту пак тоа ѝ се ветува за во иднина.

Веројатно е дека во овое околности ќе се смени ваквиот став на државите членки. Меѓутоа, тоа не би значело брзи преговори и брзо членство, туку „посебен евроинтеграциски пат за Украина“- некој нов пристап, комбинација од досегашните, но без веројатност ЕУ да ја напушти политиката на условеност, која што е уште позајакната со новата Стратегија за проширување,вели Маринка Ристевска -Јорданова.

Според Јорданова преговорите за влез на Украина во ЕУ се геополитички, а тие се долгорочен процес.

– Сепак, како и да ја нарече посебната патека за Украина, веројатно е дека нема да биде забрзан, туку долгорочен процес, а секако ќе стори сѐ за да ги заштити сопствените интереси, односно да не го загрози функционирањето на Унијата, вклучително и преку прием на неподготвени, а големи кандидати.  Поставената посебна патека за Украина би поставила и други прашања – на пример амбициите за членство во ЕУ на Грузија, додева  Ристевска -Јорданова.

Според неа кризата во Украини може само да ја зајкне политичката волјата, но не и да го забрза процесот за преговори на С. Македоја и ЕУ.

– Може да ја зајакне политичката волја – пред сѐ од геополитички и стратешки причини, Ова веќе беше истакнувано како аргумент од европските институции, но сега кога таа закана е реалност, можен е и поголем ангажман и решителност во следните чекори.Сепак, не се веројатни некакви итни одлуки или прескокнување на фази и услови кои веќе се одредени во новата стратегија за проширување. Меѓутоа, за нас е можност, кога ЕУ во помошта на Украина се повикува пред сѐ на одбрана на вредностите, на маса да се стават вредносните норми во процесот на пристапувањето, наспроти прифаќање на ултиматумите од бугарска страна.Од друга страна, со засилениот фокус на Украина, постои ризик за помало внимание на Западниот Балкан. Конкуренцијата, пак, за финансиска помош на трети земји значително ќе се зголеми, зашто ЕУ недвојбено ќе одвои големи средства за  помош на Украина, вели Ристевска – Јорданова.

Таа смета дека секакво проширување на агресијата вон Украина би била директна закана за светскиот мир.

– Барем од формален аспект, битна разлика е дали се работи за членка на НАТО, што би повлекло солидарност  на државите членки на НАТО. Пошироко гледано, секакво проширување на агресијата би била директна закана за светскиот мир. Катастрофално за Европа, но и за целиот свет, смета Ристевска – Јорданова.

М.А.

Слични содржини