Ново рочиште за предметот „Талир“, што се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одржи на 20 март, откако денеска во Кривичниот суд во Скопје странките дадоа воведни говори.
Обвинителството денеска побара за следното рочиште да бидат повикани тројца сведоци, меѓу кои Силјан Мицевски и Јован Дерков. На ваквото барање реагираше одбраната, велејќи дека не треба да се менува редоследот на предложените докази и да се оди хронолошки или најпрво со материјалните докази, обвинувајќи дека се повикуваат сведоци пред изборната кампања.
За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.