Според политичкиот аналитичар, Александар Ристевски, оние кои се поочајни и каскаат зад фавориите се обидуваат да сменат нешто со црна кампања, дискредитација и менување на фокусот.
-Оние кои се аутсајдери, воглавно одат со нереални понуди, или теми кои излегуваат вон ингеренциите на локалната самоуправа, вели Ристевски во анализа за „Локално“.
Според него, не е точна тезата дека нападот доаѓа од власта, а дека опозицијата се брани. Баш напротив, смета Ристевски, СДСМ и ДУИ, па и Левица се тие кои удираат на секој можен начин, а владејачката структура предводено од ВМРО ДПМНЕ соодветно одговара.
„Напаѓачка“ наспроти „дефанзивна“ кампања: Исполнување на ветеното или само „да се сркне од медот“?