Политичкиот аналитичар Александар Ристевски смета дека еден од лидерите на ВЛЕН и кандидат за градоначалник во Тетово, Биљал Касами доби голем контингент гласови во прв круг и самото повикување на гласање за ДУИ во некои општини во вториот круг е предавство на владеачката коалиција.
Запрашан дали по изборите е можно раскинување на коалицијата со ВЛЕН или евентуално делови од коалицијата, Ристевски тврди дека владеачката коалиција е стабилна. Самото ВЛЕН е исполнително и тера во интерес на народот и на своите гласачи.
-Што, како ќе се случува со Касами и неговиот дел, сами ќе покажат. Пред се во недела, истакна Ристевски во разговор за „Локално“, додавајќи дека Владата има стабилно мнозинство.