Правдата и интегритетот на јавните обвинители се нивниот штит и своето место во системот треба да го демонстрираат преку независност и транспарентност, вели државниот јавен обвинител Ненад Савески. Тој истакна дека еднакво ќе го вреднува трудот на секој обвинител и најави дека донел одлука да ги повлече сите овластувања за предметите по кои досега постапувале обвинителите.
Во однос на повлекувањето на обвинителот Ивана Трајчева од застапување на обвинението против полицајците кои се обвинети во врска со дискотеката „Пулс“, вели на неа ѝ е истечен мандатот, па затоа е поставен друг обвинител.
Со новиот Закон за Советот на јавни обвинители ќе се прецизираат критериумите за избор на обвинителите.
Савески вчера на брифинг со новинарите најави дека ќе ги повлече сите овластувања на обвинителите кои водат предмети што не се од нивните матични обвинителства.
Ова значи дека ќе и бидат одземени предметите на обвинителката Ленче Ристоска за случаите „Талир 1“ и „Талир 2“, или практично предмети од кои е засегната власта бидејќи се однесуваат на перење пари и на незаконското финансирање на луксузната Бела палата од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Иако држаавниот обвинител не ја поврза одлуката со нив, тој не негираше дека индиректно тие случаи ќе бидат прераспределени, односно дека нема да и ги врати на Ристоска, преставувајќи ја одлуката како техничка, а не политичка.
-Немам одлука за иземање на Ристоска од предметите. Ќе ги повлечам сите овластувања за сите предмети, освен тие за Кочани, Ресен и Крива Паланка, најави Савески.