Ристов: 23 лица во бегство од затворот во Струмица

од Nikola Popovski
399 прегледи

Новиот директор на затворот во Струмица, Зоран Ристов вели дека начекал катастрофална состојба во установата и дека во моментов, во бегство се дале дури 23 осудени лица. Обвинува дека тоа се должи на неодговорното работење на претходните раководства.

Според Ристов, во изминатиот перид во пракса било да се даде погодност на затвореник, преку телефонски повик, со зборовите „Јас стојам зад тоа“.

Директорот вели дека ќе се врати достоинството на вработените во затворот и најавува цврст одговор против скеој обид за рекет, изнуда и притисок.

-Според личните желби на одредени вработени, осудените биле приморани да извршуваат работни задачи на приватни имоти, како градежни активности и друго, тврди директорот и ветува санкции по изготвувањето на извештајот.

Вкупниот капацитет на КПУ Затвор Струмица изнесува 62  лица и во него се извршува казна затвор до три години, казна затвор за сторен прекршок и изречена мерка притвор согласно судско решение. Во затворот казна затвор издржуваат лица од Струмица, Кочани, Штип, Виница, Делчево, Берово и Радовиш.

Слични содржини