Ристовска повторно не беше унапредена, Јолевски вели имала недостаток на работа по предмети

од Nikola Popovski
762 прегледи

Немаавме можност да ги провериме резултатите од нејзиното работење бидејќи кај обвинителката периодов има недостаток на работа по предмети. Таа би можела да се јави и на конкурсот во септември, изјави денеска претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски околу изборот на јавни обвинители и податокот дека обвинителката Ленче Ристовска која беше дел од сега згаснатото Специјално јавно обвинителство, повторно не беше унапредена.

Како што истакнал Јолевски, во Вишото обвинителство се бара работа по сите видови на предмети, не само на одредена категорија во одредена област.

-Сепак, Специјалното обвинителство не работеше кривични дела убиства, не работеше со дрога, еден куп предмети кои ги работат во Основното обвинителство, а ќе треба да одлучува и за тие предмети. Тие беа специјализирани за најтешките дела, ама најтешките дела од областа на злоупотребата, појаснил Јолевски во изјава за медиумите.

Поранешната обвинителка на СЈО пред неколку месеци ја критикуваше работата на Советот за јавни обвинители, велејќи рече дека таму владеат клиентелистички односи.

Ристовска и во 2021 година не ја доби поддршката од членовите на Советот на јавни обвинители, односно „против“ гласаа седум члена на Советот, додека поддршка дадоа само четворица. Тогаш главниот аргумент на Советот за јавни обвинители беше дека „била многу млада за да стане член на Вишото јавно обвинителство“.

Слични содржини