Ристовски: Клинички студии покажуваат дека поголема е смртноста од Фајзер отколку од АстраЗенека

од Nikola Popovski
301 прегледи

„Од преку 12 милиони граѓани со АстраЗенека, само 6 пројавиле компликации и само еден летален исход. Многу поголема е смртноста во однос на клинички студии од Фајзер отколку од АстраЗенека“, вели докторот Владимир Ристовски од ковид-центарот во ГОБ „8-ми септември“.

„Во однос на клинички испитувања во САД, на 32.000 испитаници, само 3 или 4 добиле полесна реакција од самата вакцина, за разлика во Велика Британија, каде во анализа на 24.000 лица, само 1 или 2 пациенти добиле церебрална тромбоза“, потенцира Ристовски.

Вчера во земјава почна имунизацијата на населението со вакцините на АстраЗенека, кои во неделата пристигнаа на скопскиот аеродром, преку Ковакс-системот.

Слични содржини