Претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски е песимист околу кревањето на бугарското вето.
-Водиме погубна политика. Мала дигресија со ставот на финскиот претседател. Оној момент кога Москва ја смени реториката во однос на аспирациите на Финска за влез во НАТО, се крена финската јавност и финскиот претседател рече дека „тие не условуваат, нѐ уценуваат, веднаш поднесуваме барање за членство во НАТО“. Големи нации се држат до своето. Македонија треба да се држи до своето, ако некој ви го спори идентитетот по сите основи, македонскиот јазик, историјата и културата, нема што да разговарате. Вратата се затвора, ако сакаат да ве почитуваат. Ако видат слабост кај нас, тие ќе не притискаат. Треба од старт да се покаже стамен став, рече Ристовски во емисијата „Само вистина“.
Според него ниту власта, ниту опозицијата не стојат на македонскиот национален интерес.