Љупчо Ристовски од Интегра во гостувањето на „Само вистина“ истакна дека оваа влада е малцинска и дека нема долго да трае.

-Ова е малцинска влада и проценки се дека нема долго да трае. Очекувам да се рони политичкиот поредок и националното ткиво од внатре. Кој знае што имаат СДСМ ветено на ДУИ. Ќе излезат со многу радикални елементи, разочараноста кај Македонците ќе бидат големи. Од септември ќе имаме економско назадување, тоа значи дека не ни е розова иднината. Не ќе може да се спасат со кредити и грантови. ДУИ од 2001 до денес не покажа ништо, СДСМ никогаш ништо не покажа освен 94 и 95 година со криминална приватизација. Не можам да го обвинам народот. Јас се лутам и на Македонците кои гласаа и за ДПМНЕ. Со ВМРО И СДСМ, Македонија е на дното и пак да се гласа за нив е вон памет. Но, поголем проблем е што голем дел го преспаа денот за гласање. Како да ја покренеме нацијата да излезе, а се против двете партии? Требаат коренити промени. Нема медиумски слободи, тие треба да се независен столб, рече Ристовски .