Рижото со пилешко и пармезан

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Рижото со пилешко кое лесно се подготвува.

Состојки:

– 400 гр пилешко бело месо

– 2 павлаки за готвење од 2 дл

– 200 гр ориз

– пармезан

– суви билни зачини, сол

Подготовка:

Во рерна загреана на 220 степени, на плех подмачкан со масло, печете го зачинетото бело пилешко месо околу половина час.

Ова е „лесна“ верзија на рецептот, што би значело дека ќе имаме помалку маснотии со печењето во рерна.

За тоа време сварете го оризот, па процедете го.

Печеното пилешко лесно исечкајте го на коцки и соединете го со оризот.

Додадете ја павлаката за готвење, пармезанот и гответе малку на умерена температура мешајќи.

Кога се добро ќе се соедини, тргнете го од шпорет и послужете топло.

Слични содржини