Рижото со тиквички и пилешко

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Состојки:

(за 4 лица)

– 400 гр пилешко филе

– 1 главица кромид

– малку маслиново масло

– 2 чешниња лук

– 2 поголеми тиквички

– сол, бибер

– 1/2 дл бело вино

– 1 лажица путер

– 70 гр ориз по лице

– 1/2 коцка за супа од зеленчук

– 1 дл павлака за готвење

– пармезан, по вкус

– магдонос

– рендан пармезан за посипување

Подготовка:

Ова јадење се подготвува во едно тенџере.

На маслиново масло пропржете го кромидот, кога ќе стане стакленест додадете го пилешкото и малку сол.

Кога пилешкото ќе побеле додадете го лукот, штом ќе замириса додадете го оризот. Гответе со мешање на умерена температура и додадете го виното.

Кога алкохолот ќе испари додадете ги ренданите тиквички. Додадете уште малку сол и бибер, а бидејќи тиквичките ќе испуштат вода, почекајте да испари, потоа додадете топла вода и половина коцка супа.

Мешајте постојано и додавајте по малку топла вода само кога оризот ќе ја впие.

Кога оризот ќе биде подготвен „ал денте“, не смее да биде целосно сув, додаде го изренданиот пармезан, павлаката за готвење и штом ќе зоврие тргнете го од шпоретот.

Потоа додадете го путерот и мешајте додека не се растопи.

Послужете топло посипете со пармезан.

Слични содржини