Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах вчера ги повика граѓаните да примат вакцини против сезонскиот грип и коронавирус, набргу откако тој самиот се вакцинираше, пренесе ДПА.
„Веќе имаме голем број на инфекции со коронавирус. Нивоата само се зголемуваат, според мониторингот на отпадните води, така што вакцинацијата има смисла“, рече Лаутербах. „Ова е многу важно, многу се препорачува.
Сериозните случаи се уште претставуваат ризик, особено за постарите лица, рече министерот. Тој нагласи дека повторените инфекции со коронавирусот, исто така, го зголемуваат ризикот од развој на таканаречениот долг ковид, состојба во која симптомите продолжуваат долго по инфекцијата.
„Според тоа, коронавирусот сè уште не е целосно безопасна болест. Посебно треба да се вакцинираат постарите лица и лицата со хронични заболувања“, рече Лаутербах.
Тој се повика на препораките на Постојаната комисија за вакцинација во Германија.
Лаутербах истакна дека вакцините имаат и „позитивни несакани ефекти“.
На пример, се покажа дека вакцината против грип малку го намалува ризикот од мозочен и срцев удар, вели министерот.