Рјабков: Не очекуваме никакви разумни постапки од Западот

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

На Запад се појасно зборуваат за нивната намера да конфискуваат руски имот, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков и додаде дека во тој случај Москва сигурно ќе одговори со иста мерка, иако сега не е време да се открие како.

„Не очекуваме разумни дејствија од западните противници, какви било чекори кои покажуваат макар и минимално разбирање за тоа колку е штетна и контрапродуктивна самата дискусија на оваа тема“, рече Рјабков.

Но, како што вели, станува јасно дека оваа идеја „добива се поконкретна форма“, иако се уште не е реализирана.

Да потсетиме, руските средства се замрзнати во голем број западни земји. Москва постојано предупредуваше дека конфискацијата на тој имот и неговата понатамошна употреба за обнова на Украина, што некои официјални лица ја најавуваат како опција, би биле незаконски. Русија нагласува дека е подготвена за дијалог, но нејзините експерти оценуваат дека нема многу причини за оптимизам.

Слични содржини