Рјабков: Русија е подготвена да разговара за нормализација на односите со САД

од Vladimir Zorba
7 прегледи

Русија е подготвена да разгледа различни предлози од Соединетите Американски Држави со цел повторно да ги „нормализира“ односите меѓу двете земји, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Рјабков.

„Москва сепак сè уште не добила одговор на барањето до Вашингтон да го одобри назначувањето на нов руски амбасадор во САД“, додаде Рјабков во интервју за агенцијата ТАСС.

Според него, руската страна се уште нема информации кога Кит Келог ќе ја преземе функцијата специјален пратеник за Украина во администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Слични содржини