РК Вардар и Тони Михајловски меѓу добитниците на наградата „13 Ноември“

од Nikola Popovski
155 прегледи

-На овој значаен историски датум и настан од нашата историја -13 Ноември, им изразуваме неизмерна благодарност и им оддаваме признание на борците коишто одлучно и храбро се бореле и го ослободиле нашето Скопје пред 78 години. Во тоа наше слободно Скопје живееле и твореле и вечерашниве добитници на престижната награда, а овие датуми се потсетник за сите нас дека треба вредно да работиме за да создадеме подобра иднина за генерациите после нас, да создадеме место каде што тие ќе сакаат да го градат својот живот, односно да создадеме модерно Скопје со кое сите ќе се гордееме, соопштија од Град Скопје по повод доделувањето на наградата „13 ноември“.

Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2022 година се:

Од областа на публицистиката

1. д-р ИГОР РАДЕВ
-за особен придонес на полето на книжевно-преведувачката дејност.
2. ЉУПЧО ЈОЛЕВСКИ
-за четиридецениска интензивна и професионална работа во новинарството.

Од областа на образованието и воспитанието

1. проф. д-р ВЕСНА МОЈСОВА – ЧЕПИШЕВСКА
-за монографската публикација „Конески како тестамент“ и континуираните остварувања во областа на културата во изминатиот период.
2. проф. д-р РИСТО МАЛЧЕСКИ
-за покренувaње онлајн платформа www.matematickitalent.mk зa време на пандемија и во време кога Република Македонија се соочува со недостиг на учебници за основно и за средно образование.

Од областа на културата

1. АРЛИНДА КАЛИСИ
-за долгогодишен придонес како уредник на културните манифестации и автор на емисијата „MOZAIKU KULTUROR“.
2. ЈУ МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР – СКОПЈЕ
-за јубилејот 50 години работа и развојот на културата и афирмацијата на младинското творештво во град Скопје.

Од областа на науката

1. проф. д-р МИТКО Б. ПАНОВ
-за значајни остварувања во науката, како и иницијатор и автор на проектот на културниот настан „ Денови на Јустинијан I“.
2. проф. д-р СИЛВАНА ГЕОРГИЕВА
-за значаен придонес во научно-истражувачката дејност во стоматологијата, подигнување на квалитетот на забоздравствената заштита и подобрување на оралното здравје на граѓаните на град Скопје и пошироко во државата.

Од областа на уметноста

1. ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ
-за повеќегодишни достигнувања како театарски и филмски актер.

Од областа на хуманитарната активност

1. ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА И ТРЕТМАН НА ЛИЦА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР И АТИПИЧЕН РАЗВОЈ „ВО МОЈОТ СВЕТ“
-за отворање центри за рана интервенција и третман за деца со аутистичен спектар и атипичен развој и обезбедување помош и поддршка на младите и возрасните лица со пречки и на нивните семејства.
2. ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА „СВЕТИ СПАС“- СКОПЈЕ
-за кoнтинуирано помагање на социјално загрозени лица.

Од областа на здравствената заштита

1. проф. д- р СМИЉА ТУЏАРОВА ЃОРГОВА
-за највисоки достигнувања во областа на медицината, науката и образованието во државата и во светот, како и автор на делото – Естетска хирургија на глава и врат.
2. д-р СОЊА БОЈАЏИЕВА
-за долгогодишен придонес во здравствената заштита на младата популација и значаен придонес во хуманитарните активности.
Од областа на заштита и унапредување на животната средина и природата:
1. ГРУПА ТВОРЦИ-ТИМ ДОЗА СРЕЌА: Ања Цветковиќ, Никола Стојановски, Денис Димитров, Дарко Ефтимовски, Илина Георгиева, Коста Аризанов, Христијан Стојанов, Викторија Блажевска и д-р Драган Јованов.
-за врвни достигнувања на светски натпревари за млади иноватори (лица со посебни потреби) на тема Животна средина категорија – Лековити растенија.

Од областа на спортот

1. ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ
-за најголемиот успех и постигнување во спортот – освоен Сребрен медал од олимписки игри во Токио 2020, одржани во 2022 година.
2. РАКОМЕТЕН КЛУБ ВАРДАР 1961
-за претставување на градот пред спортската јавност во Европа и неизмерна радост на сите скопјани.
Ученици и студенти
1. АЛЕКСИЈ ТАСИЌ
-за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Скопје во државата и надвор од неа.
2. АНГЕЛА КОСТУРАНОВА
-за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Скопје во државата и надвор од неа.
3. ЕРЈОНА АЗИЗИ
-за успешни постигнувања во континуитет во наставните и воннаставните активности во земјата и во целиот свет, проследени со 18 златни медали.

-Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание од Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за афирмација и напредок на градот Скопје, додаваат од градот.

Слични содржини