РК Вардар со најголем ваучер: Кои клубови и федерации добија помош од АМС?

од Nikola Popovski
396 прегледи

Ракометниот првак на Македонија РК Вардар доби ваучер во висина од 19 милиони денари од Агенцијата за млади и спорт, беше објавено синоќа заедно со целокупниот список на спортски федерации, колективи и индивидуални спортисти кои добија ваков вид на државна помош.

„Вардарци“ се најдоа во центарот на вниманието во изминатите десетина дена откако првиот човек на АМС, Наумче Мојсовски, најавуваше дека нема шанса да им даде ваучер доколку не ги признаат долговите на претходното раководство. На крајот, сепак најавите на Мојсовски не се реализираа бидејќи Вардар остана колектив со најголем ваучер во мак-ракометот, дури 19 милиони денари, пред Еурофарм Пелистер и Металург со по 17,5 милиони денари.

Значителен раст има кај женските клубови, па така ЖРК Металург доби ваучер од четири милиони денари, пред ЖРК Куманово со 3,5 милиони денари.

Ракометната федерација на Македонија доби најголем ваучер од сите спортски федерации, во висина од 16 милиони денари.

Слични содржини