РКЕ ја следи работата на сите носители на лиценци дали ги исполнуваат обврските

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во рамките на своите надлежности континуирано преку механизмите кои и се на располагање утврдени со Законот за енергетика ја следи работата на сите носители на лиценци дали ги исполнуваат обврските кои произлегуваат од издадената лиценца, соопштија оттаму.

Додаваат дека лиценцата може да престане да важи во следните случаи: по барање на носителот на лиценцата, по истекот на периодот за кој е издадена лиценцата, со одземање на лиценцата од РКЕ, со престанување на правното лице.

Согласно Правилникот за лиценци, РКЕ може да отпочне постапка за одземање на лиценцата ако носителот на лиценцата:

– не започне со вршење на регулираната енергетска дејност за која е издадена лиценцата во рокот определен со лиценцата;

– не ја врши дејноста за која е издадена лиценцата на начин и под услови пропишани со Законот за енергетика, друг закон и други прописи и на начин и под услови определени со лиценцата;

– во своето работење не се придржува кон одлуките и не ги извршува поединечните акти донесени од Регулаторната комисија за енергетика;

– во определен рок не постапи по барањето на надлежните органи за отстранување на недостатоците во работењето кои довеле или би можеле да доведат до престанување на обезбедувањето на јавната услуга на начин пропишан со закон или до намалување на квалитетот, континуитетот, безбедноста или сигурноста во обезбедувањето на јавната услуга и

– престанал да ги исполнува условите за вршење на енергетската дејност за која е издадена лиценцата, соопштија од Регулаторна.

Слични содржини