РКЕ: Не можеме да потврдиме дека цената на струјата ќе се намали

од desk3
87 прегледи

Регулаторна комисија за енергетика не може да потврди дека цената на струјата ќе се намали по шпекулациите што се појавија во одредени медиуми дека пресметките ќе одат во надолна насока.

struja

– Во период сме кога се пресметува цената, кога се утврдуваат трошоците во рамките на работните групи во комисијата. Во овој момент не би можел да кажам какви ќе бидат предвидувањата. Неблагодарно е да зборуваме кои и какви трошоци ќе имаат влијание врз цената, но сето тоа е во согласност со методологијата за пресметка на цената. Се надевам дека следната недела по одржување на подготвителната седница ќе имаме информација – вели претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Димитар Петров.

Според регулаторите, секоја од компаниите има различни трошоци, но тоа немало да има значително влијание врз крајната цена што ќе ја плаќаат корисниците.

 

МЕТА