РКЕ повеќе нема да ја одредува цената на струјата

од Nikola Popovski
328 прегледи

Од Нова година, новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи ќе ја одредува ЕВН ХОУМ. Ова денеска го истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Според него, РКЕ ќе има обврска само да направи проверка, но неизвесно е дали ќе може и да интервенира.

Ваквата промена е поради измените на Законот за енергетика.

-Не знаеме и ние прв пат го применуваме, ќе видиме како ќе биде, изјави Бислимоски за медиумите.

Се уште не е познато дали со ваквата промена, цената на струјата би се зголемила.

Пред една година домаќинствата беа поделени во четири тарифни блокови, и оние што имаат ниска или просечна потрошувачка имаат и поевтина струја.

Од 1 декември ќе има евтина струја во периодот од 13 до 15 часот.

Евтината тарифа преку ден беше воведена во октомври 2017 година. Владата ја укина на 1 јануари 2022, кога имаше зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Ако останеше евтината тарифа граѓаните ќе требаше да плаќаат поскапа струја за 14,23 отсто.

Граѓаните и понатаму користат евтина струја само во текот на ноќта, од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден.

Слични содржини