Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) излезе со нова одлука за цената на горивата и нафтените деривати од полноќ.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,164 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,639 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 70,50 ден/лит.
Максималните цени на горивата од 14-ти јуни ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 71,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,639 (денари/килограм)