РКЕ со нова одлука за горивата од полноќ

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,056 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.08.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 45,804 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.08.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 70,50 ден/лит.

Слични содржини