РКЕ за Мицкоски: Не сакаме да веруваме дека доктор на науки нема познавање од тоа како се формира цената на нафтените деривати

од Vladimir Zorba

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги отфрла „манипулативните изјави“ на претседателот на ВМРО ДПМЕНЕ Христијан Мицкоски во однос на формирање на цената на нафтените деривати.

„РКЕ работи согласно законите. Цената на нафтените деривати се формира согласно Методологија што се базира на берзански цени и во нив се вкалкулира и акцизата која е утврдена согласно Законот што го носат пратениците во Собранието .

Апелираме почитуваниот Мицкоски да се воздржи од етикетирање на работата на РКЕ, институција која трета година по ред поради професионалноста и стручноста е препознаена од Енергетска заедница за број еден регулатор во регионот.

Не сакаме да веруваме дека доктор на науки нема познавање од тоа како се формира цената и веруваме дека истите изјави само служат за дневно политички цели“, се наведува во демантот на РКЕ.

Слични содржини