907
Осумдесетгодишниот актер Роберт де Ниро и неговата девојка Тифани Чан минатата година добија ќерка.
Девојчето е седмо дете на Де Ниро, а актерот сега отворено проговори за бебето, родителството и промените кои се случиле кога се родило неговото седмо дете Гиа.
„Јас сум осумдесетгодишен татко и тоа е одлично за мене. Сè со што сум опседнат или загрижен, едноставно исчезнува штом ќе ја погледнам. Тоа е неверојатно“, изјавил тој во интервју за списанието AARP, додавајќи:
„Таа е толку нежна, доволно е само да ме погледне. Набљудува сè, навистина е интересно. Сакам да бидам тука колку што можам повеќе и да уживам со неа“.