Роберт де Ниро се надева дека наскоро ќе го собере целото свое семејство. Додека присуствуваше на проекцијата на „A Bronx Tale“ на филмскиот фестивал Трибека во Њујорк во саботата попладне, актерот (79) ексклузивно за PEOPLE изјави дека неговите шест постари деца допрва треба да ја запознаат неговата двомесечна ќерка Џиа Вирџинија, која ја доби во врската со Тифани Чен.
На прашањето дали неговите деца, вклучувајќи ги Дрина (51) и синот Рафаел (46) со неговата прва сопруга Дајан Абот, синовите близнаци Џулијан и Арон (27) со моделот и актерка Туки Смит и синот Елиот (24) и ќерката Хелен (11), со Грејс Хајтауер, го запознаа новиот член во семејството, Де Ниро рече: „Сè уште не, но ќе дојде и тој ден“.
Де Ниро, исто така, изјави за споменатото списание дека неговиот Ден на таткото е исполнет, објаснувајќи дека „ќе го помине само со децата“.