Роберто Баџо: Срамота е што Италија како европски првак автоматски не избори пласман на Мундијалот

од Vladimir Zorba
236 прегледи

Репрезентацијата на Италија како европски првак мораше да избори директен пласман на Светското првенство во Катар, изјави легендарниот фудбалер на „азурите“, Роберто Баџо, цитиран од италијанскиот спортски весник „Газета дело спорт“.

Италија стана континентален шампион минатата година, откако во финалето во Лондон ја совлада Англија (3:2, 1:1) по подоброто изведување пенали.

„Азурите“ го зазедоа второто место во групата зад Швајцарија во квалификациите за Светското првенство во Катар. Италија потоа загуби во плеј-офот од Северна Македонија и остана без пласман на Светското првенство.

– Срамота е што Италија како европски првак автоматски не избори пласман на Мундијалот. Секој може да загуби кога има лош ден, но овие фудбалери заслужуваат награда за сработеното. Да бев дел од тимот, тешко ќе го прифатев тоа – изјави Бајо.

Италија беше поразена од Аргентина со 3-0 во натпреварот меѓу шампионите на Европа и Јужна Америка во средата во Лондон.

– Италија претрпе психички последици откако беше елиминирана во баражот за Светското првенство. Спокојството и самодовербата на Аргентинците не се споредуваат со нашите фудбалери – истакна Баџо, кој со Италија во 1994 година беше светски вицешампион.

Слични содржини