Роби Вилијамс живеел во куќа со духови

од Vlatko K
190 прегледи

Роби Вилијамс тврди дека се соочил со дух, откако некое време живеел во прогонета куќа. 45-
годишниот пејач е категоричен дека го гонел духот на ѕвездата од групата „Мамас енд Папас“ – Кас
Елиот, позната како „Mama Cass“. Тоа се случи пред 18 години кога ја зел под наем куќата на Ден
Акројд во Лос Анџелес.


Тој поминал три месеци на имотот додека не открил дека е населено од духот на Кас, која живеела
таму до нејзината смрт како последица на срцев удар во 1974 година, кога била едвај на 32 години.
Роби веднаш го почувствувал присуството на духот и се обратил кон него со зборовите: „Знам дека
си тука и ќе го почитувам твојот простор, но те молам да го почитуваш и мојот, затоа што ми е страв
од тебе“.

Сето ова пејачот хо изјави во интервју за Џо Вуд. Еднаш дури негов пријател, кој му билна гости,
слегол со трчање и пребледен по скалите од горниот кат и рекол дека штотуку разговарал во
бањата со некој кој всушност не бил таму. Кучето на Роби, исто така, одбивало да седи во куќата.

Роби раскажува дека му било многу тешко да си замине од имотот, бидејќи фирмата која ја
ангажирал за да го премести неговиот багаж, одбивала да си ја заврши работата, зашто виделе
„стара жена како седи на стол до прозорецот“.

Самиот Ден Акројд исто така смета дека куќата е опседната со духоби и токму неговиот престој
таму го инспирирал да го создаде хит филмот „Ловци на духови“, на кој е ко-сценарист.

Слични содржини