Робот, создаден за да живее на Марс (ВИДЕО)

од Vlatko K
132 прегледи

SpaceBok е чуден робот на четири нозе, создаден со идејата да биде во можност да води вселенски
експедиции (Марс, Месечината, итн.).


Во споделеното на крајот на овој текст видео ќе бидете сведоци колку чуден и дури
вознемирувачки на моменти е тој.

Гравитацијата во различни региони на вселената е радикално поинаква во однос на онаа која е на
Земјата, а SpaceBok е создаден да работи адекватно со гравитационото поле на Марс, Месечината
и др.

Распространетото од ESA (Европската вселенска агенција) видео го покажува SpaceBok во акција –
роботот може да потскокнува, да оди и дури симулира игра на Pong.
Тимот кој стои зад него избрал посебен систем за неговите „нозе“, кој се користи при ориентацијата
на сателитите.
Роботот ќе помине низ прилично тешки тестови за да покаже како работи во карпести услови.

Многу од роботите за вселенски истражувања се базираат на дизајн со тркала, вклучувајќи ги и
роверите на НАСА. Еден ден тие можат да се приклучат на новата генерација на револуционерни
„скокачки“ роботи како SpaceBok. Така, идната колонизација на Марс ќе стане не само поефикасна,
туку и комична за следење.’

„Ботчето“ е развиено и со идејата во блиска или далечна иднина тоа да може да биде искористено
не само за експедиции до споменатите Марс и Месечината, но и на астероиди со исклучително
ниска гравитација.

Слични содржини