Роботи паркираат автомобили на аеродромот во Лион (ВИДЕО)

од Vlatko K
110 прегледи

Француската компанија започна со тестирање на роботи на аеродромот во Лион, со задача да ги
паркираат возилата на патниците при заминување и да ги враќаат на истото место, при
пристигнување, објави The Verge.


При заминување, патникот пристигнува на аеродромот со својот автомобил и го остава во една од
специјалните гаражи на главниот паркинг. Со мобилната апликација на Stanley Robotics, ја дознава
потребнатаинформација за бренд и модел на автомобилот.

Наскоро кон гаражата се приближува роботот Stan до гаражата, кој поставува под возилото
товарна платформат, го крева автомобилот и го одведува на паркингот. Пред да пристигне
сопственикот, роботот го враќа автомобилот во истата гаража.

Користењето на роботи зачувува простор на аеродромот. Машините можат да распоредат
компактно на иста површина 1,5 пати повеќе автомобили, во споредба со возачите, велат од
компанијата Stanley Robotics.

Ова се постигнува како поради начинот на паркирање, така и поради фактот дека системот знае
кога треба да се врати сопственикот на секоја машина што и овозможува да ги распредели
оптимално автомобилите на паркингот.

Четири роботи Stan можат да опслужуваат до 200 автомобили на ден, уверуваат од компанијата,
која веќе го тестирала иновативниот систем на аеродромите во Дизелдорф и Париз, а оваа година
ќе ја примени технологијата и на лондонскиот аеродром Гетвик.