Родените во овој знак се чувствителни и грижливи, но и големи манипулатори

од Radmila Tasevska
221 прегледи

Кога ги опишуваме Раковите, обично мислиме на луѓе кои се лојални, грижливи, интуитивни и посветени на своите сакани. Иако овие топли луѓе се поврзуваат со многу позитивни карактеристики, постои една негативна особина која понекогаш ги засенува сите добри: тие се одлични манипулатори.

Тие често се опишуваат како емотивни сунѓери, што значи дека лесно можат да ги почувствуваат туѓите мисли и емоции. Нивната екстремна чувствителност ги поттикнува да бидат внимателни, па затоа секогаш внимаваат кого ќе пуштат во нивниот живот за да не бидат повредени.

Раковите не можат да ги контролираат своите емоции. Колку и да се трудат да останат опуштени, не можат да го направат тоа. Кога ќе ги совлада виорот на емоции, што е доста често, тие очекуваат другите да се прилагодат на нив. Ако саканите одбиваат да ги прават работите онака како што сакаат Раковите, тие почнуваат да го прават она што најдобро го прават – глумејќи жртва.

Наместо да се соочат со личноста која ги повредила, Раковите мрчат и плачат. Сакаат другата страна да ги жали и да се чувствува виновно што ги повредила. Раковите мислат дека можат да го добијат она што го сакаат преку солзи и емоционална уцена, но не сфаќаат дека ја влошуваат ситуацијата. Тие треба да научат да ги контролираат своите емоции и да бидат поискрени за да имаат поздрави односи со околината.

Слични содржини