250
Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс не беше особено задоволен откако Рома беше елиминирана во полуфиналето на Конференциската лига.
„Лисиците“ загубија со 0:1 во реваншот на „Олимпико“ и по 1:1 во првиот меч испаднаа од трката.
„Беше рамноправен натпревар, се беше решено од статична позиција. Ова не е резултатот што го баравме, но дадовме се од себе. Атмосферата на стадионот беше неверојатна, ја ценам. Заслуги заслужуваат и навивачите на Рома и нашите поддржувачи. Ударите од аголот се нашата Ахилова пета оваа сезона. Очигледно немаме доволно физика во овие ситуации, што не чинеше скапо“, рече Роџерс.