Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс не изгледаше премногу загрижен за ремито 1-1 со Рома во првиот меч меѓу двата тима во полуфиналето на Конференциската лига. Тој ги пофали своите играчи за нивниот настап и покажа оптимизам за реваншот на „Олимпико“.
„Мислам дека одигравме добро, доминиравме во играта и јас сум задоволен од нашиот настап. Сакавме да го поставиме нашето темпо од самиот почеток. Единственото нешто што ни недостигаше беше малку повеќе класа во последната третина. Искористивме пет смени, кои исто така имаадобро влијание. Успеавме да најдеме многу простор во одбраната на Рома и имавме одлични проигрувања. Само последното додавање за да стигнеме до целта не функционираше“, изјави Роџерс.
„Досега надминавме два многу добри тима. Рен беше навистина неверојатен, но ПСВ е одличен тим кој го освои холандскиот куп, а тоа доволно говори. Се претставивме силно против нив и тоа ни дава самодоверба пред реваншот“, додаде специјалист.