Роџерс по победата од 5:2 над Сити: Ми требаа 13 години за да поставам ваква игра

од Vladimir Zorba

Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс кажа дека му требало многу време за вакво издание на неговата екипа.

Лестер го победи Сити со 5:2 на гости, во третото коло во Премиер лигата.

-За да го победите Манчестер сити, треба да трчате без да застанете. Значи, ова бара соодветен став. Тактички бевме дисциплинирани, а поради пресингот моравме брзо да се ослободуваме од топката. Покажавме добра присебност, останавме смирени и докажавме дека можеме да им создадеме проблеми. Ова е одличен перформанс и одличен резултат. Ми требаа 13 години за да поставам ваква игра. Јас сум секогаш за напад, за агресивна игра. Но, треба да размислите и како на друг начин можете да го постигнете посакуваниот резултат на вакви натпревари, изјави Роџерс.

Под негово водство Лестер ја отвори сезоната со три победи од три натпревари и е лидер на табелата во Англиското фудбалско првенство.

Слични содржини