177
Се породи Авганистанката која вчера пристигна во Скопје и беше во 39-та недела од бременоста.
Како што пренесуваат повеќе медиуми таа родила здраво машко дете на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Од Министерството за здравство информираат дека таа и новороденчето се во добра здравствена состојба и го имаат истиот третман како и сите останати на клиниката.