Родик тврди дека Синер ќе добие шестмесечна суспензија

од Nikola Popovski
153 прегледи

Додека многумина веруваат дека Јаник Синер ќе остане неказнет и по апелот на Светската антидопинг агенција (ВАДА), поранешниот ас Енди Родик е убеден дека влегувањето на оваа агенција во игра нема да биде без последици.

– Иако погодувам, убеден сум дека Синер ќе добие суспензија од шест месеци – истакна во својот подкаст последниот американски тенисер кој беше број 1 и ја освои титулата Гренд слем на УС Опен во 2003 година.

– Се бараше казна од една до две години. Во овој момент, би бил изненаден ако суспензијата ја нема.

– Сигурен сум дека Јаник не го направи тоа намерно – додава Родик – Би бил луд да ја ризикува кариерата за толку мала супстанца што не може ни да му ги зголеми перформансите.

Одлуката на ВАДА се очекува за околу три месеци, околу крајот на декември. Родик истакнува дека терминот е многу неповолен за Синер.

– Време е за подготовка за новата сезона, ќе мора да тренира што е можно повеќе и нема да биде сигурен дека ќе може да игра.

Американецот објаснува дека Италијанецот би можел да се подготви максимално, а потоа цела работа да оди во неповрат ако не може да биде на теренот во јануари.

-Ако казната е три месеци нема да може да игра на Австралија опен, ако е половина година ќе го загуби и Ролан Гарос. Ако казната е девет месеци, ќе го загуби и Вимблдон.

Во исто време, Синер во Шангај признава дека не му е лесно по жалбата на ВАДА.

– Не се чувствувам опуштено Бев изненаден, иако знаев дека постои таква можност. Имав три рочишта и добро поминав во сите три. Сигурно е дека ќе продолжам да соработувам како и досега. Сè уште сум уверен дека нема повторно да бидам казнет – истакна прворангираниот. Единствената казна што ја доби беше одземање на парот и бодови од Мастерсот во Индијан Велс, каде беше позитивен.

Слични содржини