Родилка и нејзиното бебе починаа во гевгелиската болница при породување

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Сопругот на починатата родилка за телевизија Телма изјавил дека неговата сопруга немала никакви компликации во текот на бременоста и според него за трагедијата е виновен дел од персоналот од гевгелиската болница за направена лекарска грешка.

gevgelija-bolnica-73-640x320

Телото на родилката е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Министерството за здравство веќе испратило стручна комисија составена од гениколози и анестезиолози, кои треба да го испитаат случајот и да утврдат дали породувањето било извршено согласно протоколот.